×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Занаетчии добија сертификати да примаат чираци

    05.11.2014 12:02 | KumanovoNews

    Шеснаесет кумановски занаетчии, денеска, добија сертификати од Занаетчиска комора на Македонија за завршена обука, со која им се овозможува да примаат чираци или ученици на пракса.

    Занаетчии добија сертификати да примаат чираци

    Кумановските занаетчии се меѓу првите во државата се здобија вакви сертификати.

    “Со добивање на овој документ занаетчиите имаат можност да прифаќаат и да обучуваат занаетчии под пропишани услови со закон, особено во соработка со училиштата кои образуваат ученици за овие дејности. Шеснаесет занаетчии имаше во првата група, сега е на ред втората група. Со стапување на новиот закон на сила сигурно ќе биде тоа еден од условите за да занаетчиите добијат  лиценца. Очекуваме до крајот на годината уште една група да помине обука и да добие сертификати“ - кажа Бајрам Сулејмани, претседател на Регионална занаетчиска комора Куманово.

    Занаетчиите кои земаа сертификати, претежно фризери и козметичари велат дека конечно ќе се воведе ред во нивната бранша и ќе се знае кој може, а кој не исполнува услови за да прима ученици на пракса.

     “Сум примал ученици на пракса и сега примам. Едни си одат, други доаѓаат, а некои остануваат да работат. Сертификатот е значаен ако се направи контрола сегде. Да се знае кој може, кој не може да обучува ученици. Многу одамна требаше да се воведе ред “- вели Далибор Станојковски, сопственик на фризерски салон.

    Занаетчиите кои нема да поседуваат сертификати, а ќе примаат ученици на пракса ќе се соочат со високи прични казни.