Мени

Занаетчиската комора и кумановската фирма ТИ-ДИ ФЕШН донираа 500 заштитни маски

25.03.2020 10:23 | KumanovoNews

Занаетчиската комора и фирмата ТИ-ДИ ФЕШН од Куманово донираа 500 заштитни маски за припадниците во Полициската станица во Куманово и за сите други професиналци кои се справуваат со коронавирусот.

Занаетчиската комора и кумановската фирма ТИ-ДИ ФЕШН донираа 500 заштитни маски

За донацијата се заблагодари градоначалникот Максим Димитриевски.

- Оваа донација ќе биде користена за заштита на тимовите за дезинфекција и припадниците на МВР и здравствените работници од нашите здравствени установи кои работат на територија на општината. Благодарност до донаторите во мое име и во име на сите кумановчани, - напиша градоначалникот.