Запалени стрништа во Иго Тричковиќ и на Никуљски пат
25.08.2015 08:48
| KumanovoNews
Територијалната противпожарна единица Куманово вчера гаснеше запалени стрништа во Иго Тричковиќ и на Никуљски пат, како и сува трева на улица “Доне Божинов“.

Интервенцијата во населба Иго Тричковиќ на запалено стрниште е во периодот од 12.25 до 13.20 часот со 1 возило и 3 пожарникари.
Втората интервенција е на запалено стрниште и сува трева на Никуљски пат, во периодот од 12.40 до 17 часот, со две возила и 6 пожарникари.
Третата интервенција е на улица „Доне Божинов“ на опожарена сува трева од 14. 40 до 15.05 часот. Во гаснењето учествувале 1 возило и 3 пожарникари.