Запленети 10.000 евра на Табановце
05.05.2014 13:33
| KumanovoNews
На граничен премин Табановце деновиве се запленети 10.000 евра.
Девизите се најдени во внатрешниот џеб од јакната на словенечки државјанин кој со својот автомобил се пријавил за излез од државата.
Пронајдени се 20.000 евра, од кои 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, му се вратени.