Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце изминативе денови во два одвоени случаи запленети се 40 иљади евра и автоделови.
19.950 евра се пронајдени во патничко моторно возило пријавено за излез од државата управувано од македонски државјанин. Кај совозачот во најлонска кеса во задниот џеб се најдени парите за кои патниците немале доказ за потеклото. 2000 евра веднаш им се вратени, а останатите пари се задржани.
Во вториот случај кај грчки државјанин се најдени 20.000 евра од кои според Законот за девизно работење 10.000 евра веднаш му се вратени, а другите пари се задржани.
10 автоделови сокриени во кутија се најдени во автобус со македонски таблички кој сообраќал на релација Анкона - Струга. Деловите биле во просторот позари возачкото седиште.