Запленети 5470 парчиња петарди
28.01.2014 11:39
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово, полицијата запленила вкупно 5470 парчиња петарди од четворица продавачи.

На импровизирани тезги на Градскиот плоштад пред Нова година кај С.С.(21) се пронајдени 132 петарди, Ш.С.(31) поседувал 733 петарди, С.М.(41) само 101 петарда и И.М.(21) 4.504 петарди. Сите четворица тврдела дека петардите ги набавиле од непознати лица од Скопје.
Против продавачите на петарди се поднесени кривични пријави за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.