Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата го привела С.С. од Куманово откако по извршен претрес пронашле 5.500 парчиња пиротехнички средства.
„Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства“, известуваат од полицијата.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.