Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Студентите на „Еуро Колеџ“ од Куманово денеска ја започнаа академската година. На првиот час им се обрати деканот професор д-р Љубиша Петрушевски, кои им посака многу успех, и да се стекнат со нови знаења на студиите.
„Образованието е многу сменето, сега се можете да научите на интернет. Нашата работа е да ве научиме да размислувате, да гледате критички на светот околу себе, да го храните мозокот и духот. Секако дека нашата образовна програма ќе ви обезбеди добра подлога за професионалниот живот подоцна, работиме по меѓународна програма која ќе ве упати и во деловното право, правилата за административни процедури и менаџерски вештини неопходни во деловниот свет“, се обрати до бруцошите Петрушевски.
Поголемиот дел од студентите вонредно посетуваат настава, а меѓу нив има и млади луѓе префрлени од други факултети, како и вработени во државни институции кои сметаат дека дипломата од „Еуро колеџ“ ќе им обезбеди повеќе можности за вработување и професионален напредок.
За учебната 2024/2025 академска година запишани се повеќе од 100 студенти, уписите се до крајот на октомври, па проекциите се дека ќе се надмине рекордниот број од 145 новозапишани. Во февруари наредната, 2025 година следуваат и уписи на втор циклус на студии. Паралелно течат уписите и на Лондон Метрополитен Универитетот чии партнери се, моментално состојбата е подобра од проекциите.
Студентите можат да се запишат на насоката за бизнис администрација во Куманово, и сајбер безбедност, компјутерски мрежи, музички бизнис и интеранционално организирање на настани и туризам во Скопје.
Досега на „Еуро колеџ“ дипломирале неколку илјади студенти, најмногу од Куманово сега вработени и во јавниот и во приватниот сектор. Освен студенти од кумановскиот крај и Скопје, има голем број на лица од западниот дел на Македонија- Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар.
Освен академскиот потенцијал кој го нуди колеџот, се нуди личен и непосреден контакт со секој еден студент, па во секој момент на студентите им се и сите професори, но и деканот Љубиша Петрушевски кој е достапен за сите, во секој момент.
Дипломата е признаена и во странство, па големиот број на иселеници во Австрија, Германија, Англија, САД, Канада успеале да се вработат на основа на дипломата во далеките земји каде го основале својот дом.