Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна есенската сеидба на јачмен, пченица и 'рж во кумановско, потврдуваат од Здружението на земјоделски производители од Куманово.
Оттаму велат дека последните врнежи од дожд привремено ја попречиле сеидбата.
Оние земјоделци кои ја почнале сеидбата навреме веќе ги имаат засеано површините. Поголеми површини се сеат во селата Режановце, Младо Нагоричане, Старо Нагоричане, Љубодраг. Дождот е добредојден секогаш, но во овој случај малку ќе ја одложи сеидбата кај дел од земјоделците“ - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители од Куманово.
Ивановски додава дека 'ржот е култура која вообичаено се сее порано од јачменот и пченицата.