×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна хуманитарен тениски турнир

    27.09.2014 12:05 | KumanovoNews

    На Градскиот кеј, денеска беше отворен есенскиот тениски турнир што го организира “Ротари клуб“ и тениски клуб “Куманово 2010„.

    Започна хуманитарен тениски турнир

    На турирот учествуваат 50 - тина деца од Куманово, Скопје, Ранковце, а средствата собрани од котизација ќе бидат наменети за помош на лицата со посебни потреби од “Порака наша“.

    “Имаме за цел да ги поттикнеме спортовите, посебно тенисот и спортскиот дух. Благодарение на младите, благодарение на добрата соработка со тениски клуб “Куманово 2010„ ја држиме тезата дека спортот треба да се развива. Овој тениски турнир ќе се одржува денеска и утре и зависно од настаните, големото финале ќе се одржи следната сабота во 12 часот на истово место“ - изјави Бранко Зафировски, претседател на “Ротари клуб“.

    Турнирот го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, кој рече дека тенисот како спорт се враќа во Куманово.

    “Локалната самоуправа има тенденција да ги поттикнува сите спортови, пред се младинските, школскиот и врвните спортови. Успеавме со помош на тениски клуб “Куманово 2010„ да го реинкарнираме тенисот, еден  од најпопуларните спортови. Куманово има долга традиција во тенисот, меѓутоа има долг временски период каде нема никаква тениска активност во Куманово. Се надевам дека турнирот ќе биде традиционален и ветувам дека преку Сојузот на спортови ќе направиме повеќе турнири во пролет“ - истакна градоначалникот.

    Горан Китановски од тениски клуб “Куманово 2010“ смета дека Куманово има потенцијал да се промовира како региоанлен тениски центар.

    “Заедно со “Ротари“, општината и стопанските субјекти се трудиме да го постигнеме тоа и нема да застанеме“ - рече Китановски.

    Есенскиот тениски турнир се организира втора година по ред.  Од “Ротари клуб“ најавија дека наскоро ќе организираат турнир во пинг - понг и ќе постават кошеви на повеќе игралишта во градот.