Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Митрополитот Кумановско - осоговски Јосиф, денеска го освети камен темелникот на црквата “Свети Спас“ во населбата Долно Којнаре.
Црквата ќе зафаќа површина од 10 на 8 метри, со висина од 12 метри, а ќе се гради со донации од месното населние. Долно Којнаре има 400 домаќинства претежно млади луѓе, а нема верски храм.
- Ние формиравме црковен одбор и решивме да ја изградиме црквата “Свети Спас“ поради тоа што оваа населба повеќе од 150 години нема верски објект. Изградбата ќе ја помогнат жителите на месната заедница, а ќе добиеме подршка и од општина, МПЦ и сите добронамерни луѓе, кои ќе ни помагаат да ја изградиме и да ја осветиме оваа наша црква која ќе остане за идните генерации.- вели Зоран Петрушевски, претседател на месна заедница Долно Којнаре.
Од Кумановско - осоговска епархија сметаат дека жителите на Долно Којнаре конечно ќе добијат црква каде ќе се собираат за убави моменти.
- Брзината на изградбата на храмот ќе је симболизира нашата сплотеност како народ. Ќе докаже дали сме ние навистина блиски меѓу себе, дали се сакаме или секој за себе гледа. Ова е заедничко дело не само за нашите поколенија што сега се родени, туку и за идните затоа што така ни оставиле нашите претци. Близу до својот дом ќе имаат луѓето храм, ќе ги слушаат камбаните за молитва - изјави Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумновско - осоговска епархија.
На осветувањето на камен темелникот присутните лицитираа за златна, сребрена и бронзена лопата.
Градоначалникот, бизнисмените, дел од директорите на образовните установи и други донираа за изградба на црквата “Свети Спас“.
Пред присутните со културно - уметничка програма се претстави “Срма“.