Мени

Започнува ликовната колонија „Карпино“

06.09.2016 17:44 | KumanovoNews

Во комплексот Грација денеска започнува 14. Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2016“.

Започнува ликовната колонија „Карпино“

  Учество ќе земат уметници од земјава и странство.

 „Ќе учествуваат 16 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија. Колонијата ќе трае до 14 септември. Како и минатите години и оваа ќе има посета на манастирот Карпино, на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, меморијалниот центар АСНОМ, поставката на икони во Св. Никола и др, - вели директорот на колонијата Зоран Павловски.

Организатори на изложбата е мултимедијалниот центар Карпино со подршка на општината Куманово.