Затворени гласачките места
07.04.2013 17:50
| KumanovoNews
Во 19 часот затворени се 128 избирачки места во Општината Куманово, на кои граѓаните можеа да гласат во вториот изборен круг за локалните избори.

По затворањето на гласачките места, ќе се пристапи на броење на гласовите од избирачките одбори, а потоа гласачкиот матерјал ќе се предаде во ОИК.
Одзивот на гласачите до 17 часот беше 47 отсто.
Во Куманово гласачите избираа помеѓу кандидатот за градоначалник на коалицијата Сојуз за иднината Зоран Дамјановски и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓеорѓиевски.