×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши детскиот ликовен камп “АСНОМ 2012“

    21.06.2012 13:33 | KumanovoNews

     Ученици од 16 училишта од петто до осмо одделение сликаа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.  Децата се задоволни од дружењето и велат дека ова е добар начин да ги надополнат своите знаења.

    Заврши детскиот ликовен камп “АСНОМ 2012“

    Сликав на платно со акрилни бои. Тоа беше првиот ден. Вториот ден работевме анимација и беше интересно, но бараше повеќе работа. Третиот ден работевме графичка техника и денеска ја отвараме втората изложба на ликовен камп “АСНОМ“. Мене ова ми е второ учество - вели Бисера Пешевска, ученик од ОУ “Толи Зордумис“.

    Од локалната самоуправа сметаат дека по оваа манифестација талентираните ученици ќе бидат мотивирани да го продолжат своето образование во средно уметничко училиште, а потоа и на Ликовна академија. Основците ќе добијат признанија за вложениот труд и учеството на кампот.

    Куманово е препознатлив бренд во историјата на ликовната уметност. Се одлучивме пред две години да талентот на младите го изложиме токму преку организација на ликовен камп во овој прекрасен амбиент. Минатата година овде имавме престој, меѓутоа од некои други причини, заради безбедноста и други околности одлучивме оваа година да има транспорт од град секојдневно за овие талентирани млади уметници. Сите нивни дела ќе бидат соберени и од изборот на најуспешните ќе се направи една изложба - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Директорот на Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово, Нино Величковски рече дека градот мора да ја негува ликовната традиција и да создава нови имиња.

     Се одлучивме за биенална изложба и ќе направиме делата кои ќе бидат изложени на крајот на годината на “Ноемвриски денови“ со каталог да се продаваат за да можеме средствата да ги донираме за лицата со посебни потреби за “Порака наша“. На тој начин ќе се затвори тој круг. Ќе има луѓе кои ќе сакаат да купат дел од творештвото - објасни Величковски.

    Денеска истовремено беше отворена и затворена изложбата на која беа прикажани ученичките творби. Поголема презентација на она што децата го сработиле во изминативе денови ќе следува на есен.