×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши епидемијата на голема кашлица во Куманово

    22.01.2025 10:24 | Оливера Пешевска

    Епидемијата на голема кашлица во Куманово е завршена, откако не е регистриран нов случај од 19 ноември 2024 година, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово - ЦЈЗ Куманово.

    Заврши епидемијата на голема кашлица во Куманово

    Таа беше пријавена на 29 март, минатата година, а регистрирани се вкупно 107 заболени на територијата на Општина Куманово.

    Сите случаи се лабораториски потврдени, а најчесто заразени биле децата на предучилишна и училишна возраст.

    „Регистрирани се вкупно 49 случаи на деца од предучилишна и училишна возраст, 34 за деца од 0 до 4 години каде инциденцата беше најголема. Во останатите групи според возраста има помал број на инфицирани лица“, истакна д-р епидемиолог Јадранка Стаменковска од ЦЈЗ Куманово.

    Со потешка клиничка слика на болничко лекување биле 17 од пријавените пациенти, останатите 90 се лекувале амбулантно и во домашни услови.

    Докторка Стаменковска потенцираше дека здравствените тимови од Здравствен дом и ЦЈЗ сериозно се зафатиле со работа, со информирање на сите засегнати. Со надлежните локални институции имале одлична соработка- со раководството на градинката и сите основни и средни училишта биле во постојана комуникација.

    Од првиот регистриран случај до завршување на епидемијата регистрирани се 6.691 вакцинирани деца кои не биле или биле делумно вакцинирани. Но, за престанување на епидемијата значајно било и следење на препораките и насоките кои ги давале медицинските лица.