Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет дувачки оркестри од Македонија и Србија синоќа учествуваа на јубилејното издание на традиционалната музичка манифестација Рома Труба Фест во Куманово.
На Градскиот плоштад повеќе од четири часа траеше надсвирувањето на најдобрите мајстори на трубата во регионот.
Публиката имаше можност да ужива во настапот на Ферус Мустафов, оркестрите “Исидор Зечировиќ“ и “Драган Аметовиќ“ од Бојник, Србија како и македонските оркестри “Агушеви Џамбо“ од Струмица, “Уска Кан Кантуров“ од Берово и “Кемал Асанов“ од Струмица.
Јас сум презадоволен затоа што оваа година сме добро организирани, имаме добри гости и оркестри, кои што вечерва дадоа се од себ со добар репертоар - кажа Самет Салиевски, организатор.
Манифестацијата ја отвори Анета Мицевска и групата “Молика со ромската химна Џелем, Џелем, а гости на вечерта беа младите музички ѕвезди Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.
“Рома труба фест“, ја организира ансамблот на ромски песни и игри “Рушит Шакир“, а под покровителство на Советот на општина Куманово и Министерството за култура.