Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јубилејната, десета ликовна колонија „Карпино 2012„ вчера беше свечено затворена. Учество зедоа 17 докажани уметници од Бугарија, Србија и Македонија, кои создадоа над 35 дела.
Оваа година за првпат колонијата не се организираше во манастирот Карпино затоа што таму нема услови. Манастирот е руиниран, а конаците се распаѓаат. Затоа се определивме колонијата да биде во комплексот Грација. Дружењето на уметниците беше извонредно. Имаа можност да создаваат во еден пријатен амбиент и ние сме задоволни од продукцијата- вели Зоран Павловски претседател на здружението Карпино, организатори на колонијата.
На колонијата за првпат учествуваше младиот сликар Мирослав Величковски. Тој е презадоволен од дружењето на уметниците, но жали што оваа година не твореа во живописните предели на познатиот манастирски комплекс.
Со позивтивна енергија и добро друштво направивме одлични дела, а изградивме големи пријателства кои ќе ги негуваме и понатаму. Функциониравме како како семејство. Имаше уметници и од неколку генерации од три држави со кои разменивем драгоцено искуство. Нашите дела зборуваат повеќе од нас самите- Величковски.
Делата од ликовната колонија ќе бидат изложени на повод Денот на градот 11 Ноември.