×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши реконструкцијата на пругата Куманово-Табановце

    30.10.2013 15:03 | KumanovoNews

    Заврши реконструкцијата на железничката пруга Куманово-Табановце во должина од 12,5 км.

    Заврши реконструкцијата на пругата Куманово-Табановце

    Потрошено се 3.5 милиони евра кои ги обезбедила Владата за ремонт на железничките пруги на коридорот 10. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски најави дека со рехабилитација на железничка инфраструктура Куманово-Табановце и Миравци-Смоквица ќе се намали времето на патување и транспорт на стоката за еден час, бидејќи се создадени услови да се зголеми брзината на движење на возовите.

    Со оваа реконструкција се отстранети десетина црни точки кои беа дел на коридорот 10 и тоа допринесува за забрзување на движењето на возовите. - рече министерот Јанакиевски, при денешната посета во селото Лопате.

    По обвинувањата на жителите на кумановските села Режановце и Лопате за ниската цена од 1,5 евро за експропријацијата на куќи, ниви и дворови, министерот Јанакиевски ги упати да поведат судска постапка, бидејќи проценката ја извршило Бирото за судски вештачења.

    Ние немаме законска можност да преговараме за цената затоа што секогаш кога се одзема е малку, а кога ќе се дава е многу. Граѓаните имаат право да поведат судска постапка, а ние ќе ја платиме сумата која што ќе се утврди. Ги повикувам граѓаните да не прават проблеми, да не се иницираат политички активности, бидејќи изградбата на пругата кон Бугарија се чека последните 50 години. Ние сме спремни со проекти и на почетокот на наредната година ќе започне изградбата.- изјави министерот.