Мени

Земјоделците организираат посета на саем во Бугарија

09.02.2016 09:43 | KumanovoNews

Здружението на земјоделски производители Куманово, месецов организира посета на меѓународен земјоделски саем во Пловдив, Бугарија.

Земјоделците организираат посета на саем во Бугарија

Тргнувањето е на 26 февруари со што фармерите ќе имаат можност два дена да присуствуваат на саемот. На оваа саемска манифестација ќе има изложена најнова механизација, а учесници ќе има од многу земји. Кумановските земјоделци 15 години по ред го посетуваат овој саем. Заинтересираните повеќе информации можат да добијат во просториите на Здружението на земјоделски производители Куманово.