×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците следеа обука за паушално оданочување

    14.01.2016 12:36 | KumanovoNews

    Во Даночно одделение Куманово денеска земјоделците следеа обука за регистрација и паушално оданочување.

    Земјоделците следеа обука за паушално оданочување

    Им  беше кажано дека ако приходот не надминува 1.300.000 денари, данокот на доход се плаќа паушално. До 31 месецов земјоделците треба да поднесат пријава за регистрација  на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално оданочување. Ако веќе се регистрирани, се поднесува само барање.

    Даночните поволности за регистрираните вршители на земјоделска дејност од УЈП се следните: ако земјоделската дејност се обавува како основна дејност, имаат целосно ослободување од персоналниот данок за 2015 година до 300.000 денари. Доколку приходите кои се остварени се движат над 300.000 денари, до 1.300.000 денари предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто односно ќе се плати само 20 отсто од остварените приходи. За субвенции кои ги доделува државата не се плаќа данок на доход - изјави Стефан Симоновски, самостоен даночен советник од Даночно одделение Куманово.

    Доколку земјоделството е дополнително занимање, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход.

    Земјоделците со приход од нула денари не треба да поднесуваат барање за паушално оданочување во УЈП.