Мени

Земјотрес во близина на Куманово

23.04.2018 08:24 | KumanovoNews

На границата меѓу Србија и Македонија во прешевскиот регион регистриран е слаб земјотрес.

Земјотрес во близина на Куманово

Земјотресот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала и е забележан нешто после 6 часот.

Епицентарот е во српското село Ланик, Пчињски округот, општина Прешево.

Длабочината на ударот е на 10 километри.