Жените од ЛДП однесоа подароци на децата со посебни потреби
22.04.2014 08:46
| KumanovoNews
Од Форумот на жени на Либерално демократска партија Куманово денеска однесоа подароци и велигденски јајца на децата со посебни потреби во Дневниот центар кај Чик.

По повод празникот Велигден решивме да дојдеме, да се дружиме со децата, да им донесеме скромни подароци. Тоа е дел од програмата која ја работиме по повод роденденот на ЛДП. Честит празник и убаво дружење им посакуваме - рече Лена Филиповиќ, член на Форум на жени на ЛДП.
И во други прилики жените од оваа партија ги посетуваат децата од Дневниот центар.