×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените од ВМРО-ДПМНЕ донираа за сиромашните

    04.02.2016 10:32 | KumanovoNews

    Претставнички на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово, синоќа донираа облека и средства за хигиена за сиромашните граѓани.

    Жените од ВМРО-ДПМНЕ донираа за сиромашните

    Собрана е помош за неколку семејства и се очекува викендов социјално-загрозените семејства да ја добијат помошта. Од партијата велат дека и понатаму ќе им помагаат на граѓаните кои имаат егзистенцијални проблеми.

    Планирано е да се посетат 4-5 семејства, претежно во руралните средини на општина Куманово. Во дадена ситуација оваа помош може да значи. Сметам дека ако сите се здружиме можеме да излеземе во пресрет согласно нашите можности, со собраните средства кои можеме да ги обезбедиме и да ги дадеме. Ова не е единствена акција. Со вакви акции ќе продолжиме и во иднина. Од изминатите неколку акции што ги направивме имаше голем интерес и од другите луѓе, се пријавуваа сами секојдневно од работа на терен, постојани контакти со месните комитети, Унија на жени со граѓаните на Куманово. Досега на сите кои побарале помош сме помогнале - вели Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

    Следниот месец ќе има слична акција и ако дозволат временските услови штандови ќе има на плоштад.

    Унијата на жени во наредниот период ќе продолжи и со организирање на едукативни трибини.