Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставнички од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, викендов посетија жени земјоделки во село Пчиња по повод Меѓународниот ден на руралната жена.
Се работи за една жена која одгледува градинарски култури, друга жена која има фарма и семејство кое со субвенции има купено трактор, приклучна механизација и произведува житарици.
Посетени се жени земјоделки кои земаат субвенции. Целта е да се види на терен дали се задоволни , ако имаат сугестија да ни кажат како понатаму треба да им се помогне, да им се излезе во пресрет и други жени да се заинтересираат. Тоа беше поентата на нашата посета - рече Емилија Трајковска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Вакви посети се организирани и во другите општински комитети низ Македонија.