Жените од ВМРО-ДПМНЕ со нова хуманитарна акција
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово утревечер во 18 часот, организира хуманитарна акција за социјално-загрозените семејства под мотото „Биди хуман-донирај“.

Ќе бидат донирани облека и средства за лична хигиена во штабот Томбола.
"Во просториите на штабот Томбола ќе биде поставен штанд каде ќе може да се донесе чиста облека и средства за хигиена. За таа цел ги повикуваме сите наши сограѓани и хумани луѓе уште еднаш заедно да ја покажеме нашата хуманост на дело и да пружиме помош таму каде што е најпотребна."-вели Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Собраната помош најверојатно за време на викендот ќе биде поделена на оние на кои им е потребна.