×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Женската футсал екипа на „Браќа Рибар“ – победник на зонскиот натпревар

    11.12.2024 10:41 | Оливера Пешевска

    Женската футсал екипа на училиштето „Браќа Рибар“ од Табановце е победник на зонскиот натпревар, кој го оранизира Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово. 

    Женската футсал екипа на „Браќа Рибар“ – победник на зонскиот натпревар

     Тие ги победија тимовите на Пробиштип и Кратово.  Во второто полугодие се надеваат дека ќе остварат забележителен резултат на регионалниот турнир.

    „Имаме навистина талентирани девојчиња, остваривме голема разлика на секој натпревар, а само во финалето примивме два гола. Ова е голем успех, затоа што училиштето нема сала ниту полигон или игралиште за одржување на тренинзи. Понекогаш ги користиме терените на Женскиот фудбалски клуб Речица“, истакна Кирил Пачковски, професор по физичко и здравствено образование во училиштето.

    На зонското натпреварување завршиле први, по два натпревари имале 13 погодоци и само два примени гола во финалето. 

    Полуфиналните натпревари се играле на отворено, на игралиштето на „Крсте Мисирков“ во центарот на градот. До финалето дошле преку победата над ученичките на „Магдалена Антова“, а во финалето ги победиле „11 Октомври“ со конечен резултат од високи 9:0.

    Квалификациониот турнир се одиграл во почетокот на октомври, а на него учествувале ученичките во 8 и 9 одделение од „Крсте Мисирков“, „Јеролим Де Рада“, „Магдалена Антова“, „Светозар Марковиќ“, „Христијан Карпош“, „Битолски Конгрес“, „Браќа Рибар“, „Бајрам Шабани“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Толи Зордумис“ и „Карпош“ од Умин дол.

    Турнирот во женски футсал го организирал Општинскиот сојуз на училишен спорт. Ова година за прв пат се организираат и женски одбојкарски лиги, како и Детска атлетска лига.

    „Покрај женската футсал екипа, учествуваме и во детската атлетска лига. За жал, не можеме да се пријавиме во одбојкараската лига, немаме толку голем број на ученици. Футсал екипата брои 8 члена, но сега сме хендикепирани, една ученичка е отсутна поради здравствени причини. Ќе видиме како ќе стојат работите во понатамошниот тек на натпревари“, објасни Пачковски.