×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Згаснаа паралелките на српски јазик во градот

    27.01.2016 16:40 | KumanovoNews

    Во основното училиште „Вук Караџиќ“ од 2008 година па наваму нема паралелки на српски јазик, а во Гимназијата „Гоце Делчев“ долги години не се изведува настава на српски јазик.

    Згаснаа паралелките на српски јазик во градот

    Од училиштата велат дека интересот е слаб, ученици од српска националност има, но не се пријавуваат за да учат на српски јазик. Од „Вук Караџиќ“ потврдуваат дека од околу двесте ученици имаат дваесет Срби, а во „Гоце делчев“ во секоја паралелка им по 3-4 ученици од српска националност.

    Причините се веројатно повеќе. Една од причините е како што наведуваа тогаш родителите дека нема учебници на српски јазик по кои би била изучувана програмата. Учеа на македонски јазик па преведуваа. Вториот проблем дека во средните училишта нема настава на српски јазик и тука завршува наставата на српски јазик и на тие деца им е потешко да се вклопат на настава на македонски јазик во средните училишта. Така со време се згасна потребата на родителите децата да учат на српски јазик - вели Надица Петровска, директорка на „Вук Караџиќ“.

    Петровска вели дека одреден период имале српска секција, а во подобрите времиња во училиштето се запишувале по 4 паралелки на македонски и 2 на српски јазик.

    Од Гимназијата велат дека  во конкурсот за упис имаат предвидено српска паралелка, но интерес нема кај учениците.

    Јас кога сум бил во комисии за упис се сеќавам дека едно дете се пријави за запишување во српска паралелка. Во Гимназијата долги години нема настава на српски јазик, не знам колку време точно, тоа треба да се провери. Нема ни во основно, а ако нема во основно, како ќе има во средно? - кажа Горан Димитријевиќ, директор на „Гоце Делчев“.

    Од училиштата се надеваат дека ќе дојдат подобри времиња и дека во иднина учениците ќе покажат интерес за следење на настава на српски јазик.