×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен број на пожари во Старо Нагоричане

    06.08.2015 12:46 | KumanovoNews

    Зголемен е бројот на пожари во општина Старо Нагоричане, потврдуваат од Територијалната противпожарна единица во општината.

    Зголемен број на пожари во Старо Нагоричане

    Пожарникарите неделно имаат 10 до 12 интервенции на запалена сува трева и стрништа, пожари карактеристични во летниот период.

    “Тоа се пожари на отворено, на запалена сува трева и стрништа. Неодамна имаше пожари во селата Канарево, Облавце, Осиче. Поопасен беше пожарот во близина на бензинска пумпа кај Света Петка, но изгаснат беше навреме. Имаме добра соработка со мештаните, дојавуваат навреме и помагаат ако треба. За разлика од лани, ова лето имаме повеќе работа“- вели Оливер Стојмановски, командир на ТППЕ Старо Нагоричане.

    ТППЕ Старо Нагоричане има десет вработени и располага со едно противпожарно возило и една лада нива.