Зголемена фреквенција на возила на Табановце
03.07.2014 07:24
| KumanovoNews
На граничен премин Табановце деновиве е зголемена фреквенцијата на возила, но подолги чекања нема.

- Гужва има во утринските часови и по 10 часот бројот на возила и патници се намалува. Поголем интензитет на сообраќај имаме затоа што е почната сезоната на годишни одмори и голем број туристи од Србија се упатуваат кон Грција. Ова е нормално за овој период од годината - велат од Авто мото сојуз на Македонија.
Од таму додаваат дека возилата на граница се задржуваат по дваесетина минути, време потребно да се обават процедурите.