Зголемена потрошувачката на вода
12.08.2013 08:12
| KumanovoNews
Потрошувачката на вода во Куманово во последната недела е зголемена и се движи од 380 до 400 метри кубни во секунда.

Додека траат жештините нормално е да има поголема потрошувачка на вода. Во текот на летото вообичаено се трошат од 350 до 400 метри кубни вода во секунда. Апелираме до граѓаните рационално да ја трошат водата само за потребите во домаќинството - велат од ЈП“Водовод“.
Тие советуваат граѓаните водата да ја користат за пиење и лична хигиена, а не за полевање на бавчи, тревници, дворови и тротоари.