Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од протвивпожарната единица Куманово потсетуваат дека палењето оган на отворен простор е казниво со закон и ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар.
Со затоплување на времето граѓаните ги чистат дворовите и нивите, а сметот го палат. Од протвивпожарната единица Куманово потсетуваат дека палењето оган на отворен простор е казниво со закон и ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар.
Деновиве имаме поголема раздвиженост и самите гледаме дека има палење на огнови на отворено, но тие се главно контролирани од оние кои ги палат. Од сабајле имаме две пријави на пожар и тоа на пругата во селото Романовце за запалени прагови, а на Градските гробишта се запалила сува трева која се проширила кон стамбените згради. И во двата случаи интервениравме навремено и пожарите се изгаснати-вели Дејан Илиевски, командир во ППЕ Куманово.
Поради неконтролираното палење и високите температури минатата година имаше големи пожари во Кумановско, кои предизвикаа штети на шумите и земјоделското земјиште. Најизразени беа пожарите во козјачките села.