×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемени водостоите на реките во Кумановско, нема опасност од поплави

    24.01.2023 15:05 | Оливера Пешевска

    Вчерашните врнежи од дожд ги зголемија водостоите на реките Кумановка, Липковска, Којнарка и Пчиња, поради што потои опасност од нивно излевање на пониските места. Најголемо зголемување има водата реката Кумановка кај селото Доброшане, на едно место е измерено висина од 164 цм.

    Зголемени водостоите на реките во Кумановско, нема опасност од поплави

    Значително зголемување на водостојот има и реката Пчиња, која денеска бележи висина од 60 цм, а просекот за јануари кај Пелинце е 53 цм.

    „Постои опасност од излевање, но за сега освен на некои помали места покрај коритото, не се забележани поплави. Со намалување на врнежите денеска до вечерните часови ќе дојде до стагнација и постепено намалување на висината на водната маса во реките“, изјави Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Покачувањето на водостоите освен од врнежите се должи и на заситеноста на земјата со влага, топење на снегот од повискоите места, сливањето на водите од сливните подрачја северно од Куманово. И покрај најавите за врнежи за денеска, сепак тие ќе бидат со послаб интензитет и непосредната опасност за поплави поминува.  

    (фото: кумановско "ушќе")

    Прогнозите покажуваат дека врнежите постепено ќе се намалуваат и ќе бидат повремени. За повисоките места се очекуваат врнежи од снег. Во текот на неделата ќе дојде и до пад на температурите, кои нема да надминуваат 6 степени Целзиусови.