×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на “Пелинска“ бараат асфалт

    23.01.2015 10:12 | KumanovoNews

    Улицата “Пелинска“, која се наоѓа во центарот на градот, не е асфалтирана.

    Жителите на “Пелинска“ бараат асфалт

    Со години наназад жителите бараат од локалната самоуправа да се направи нивното сокаче, бидејќи од кал и прашина не можат да излезат од дома. За време на изборите жителите од згрдата на ФЗЦ и околните куќи имале само едно барање до политичките партии, да добијат асфалт. Тогаш цврсто им било ветувано дека работата ќе се заврши што ќе дојдат на власт, но засега резултати нема.

    “Луѓето си ги кршат автомобилите, газиме кал, а летно време од прашина не можеме прозор да отвориме. Живееме во строг центар на градот. Се жалиме постојано ама никој не не слуша. Оваа улица е 200 метри долга, а остана неасфалтирана. Во приградските населби е посредено, улици направени, а овде ништо“ - изјави Пеце Јовановски, граѓанин.

    Од секторот за урбанизам во општина Куманово објаснуваат дека има измени на урбанистичкиот план, на улица “Пелинска“ ќе се гради зграда, по што ќе улицата ќе биде асфалтирана. Ова објаснување само ги иритира жителите.

    Не наш проблем што општината ја заплеткала работата и сега засегнатите страни се тужат. Тие може нема да го решат проблемот за 100 години, ние до тогаш ли ќе чекаме. Срамота е ова што ни го прават. Сведоци сме дека постојано се прекопуваат улиците откако ќе се асфалтираат, па никој не ги поправа ни одговара за тоа, а овде нашле да тераат закон и ред,- вели друг лут граѓанин.