×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Живи форми“ изложба на Мирослава Цветковиќ во Куманово

    12.12.2024 12:30 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура, утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Живи форми“ на Мирослава Цветковиќ. 

    „Живи форми“ изложба на Мирослава Цветковиќ во  Куманово

     Ќе бидат презентирани 20- тина графики, создадени во последните неколку години.

    Мирослава Цветковиќ е родена 1973 година во Куманово. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1998 година, во класата на професор Зоран Јакимовски, на насоката графички дизајн. Во 1999 година се стекнува со доквалификација за ликовен педагог, на истиот факултет. Член е на ДЛУМ од 1998 година.

    Изложувала самостојно во Македонија, како и на повеќе групни претставувања на локалната уметничка сцена, но и на меѓународни групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Полска, Романија, Чешка, Канада, Бугарија, Италија, Грција, Литванија. Учесник е и на повеќе ликовни колонии во Македонија и во странство. За својата работа има добиено награди и признанија. Во периодот 1997- 2003 година работела на дизајн на плакати и неколку проекти во кумановскиот театар.

    Изложбата е организирана како последен настан за тековната година од редовната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“, поддржана од Министерството за култура и туризам.