Денот на Европа одбележан во Куманово Амбасадорите на Франција, Шпанија, Италија и Хрватска беа дел од прославата на Денот на Европа во Куманово.
Приведени две лица- шверцувале артефакти Две лица се приведени на граничниот премин Табановце, откако се обиделе од државата да изнесат артефакти.
Им се заканувал со пиштол затоа што му ги тепале децата Инцидентот се случил завчера во 15.30 часот, додека Е.З.(26) и неговиот роднина Р.С.(25) со автомобил „Рено Еспејс“ се движеле по улица „Тоде Мендол“, биле сопрени од А.М.(26) од Куманово, кој заедно со А.С.(29) и Ф.С.(37), двајцата од Куманово, физички ги нападнале.
Министерот Шапуриќ во посета на кумановски фирми Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера посети две чевлaрски фирми и кланица, а се сретна и со градоначалникот на Куманово.
Изменет режим на сообраќај на улицата „ЈНА“ Наредните 2,5 недели со изменет режим на сообраќај ќе биде улицата која води кон поранешната фабрика „ЧИК“.
Започна пријавувањето за ликовната изложба „САМОУКИ“ Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово и годинава ќе ја организира традиционалната ликовна изложба “САМОУКИ“.
Поројниот дожд ги поплави улиците, но и неколку куќи Обилните дождови кои вчера попладне го зафатија Куманово предизвикаа поплави на улиците, но и во куќи и дворови.
Украдено оружје од приватна фирма во Куманово Крадци однеле три пушки и пиштол од приватна фирма во Куманово.
Најмногу дожд наврна во Куманово Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Куманово -36 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).
Промовирано новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска го промовираше новото партиско раководство.
Кумановци се поклонија пред споменикот на Тито Делегација од Здружението на воени и полициски ветерани и група граѓани подржувачи на ликот и делото на Јосип Броз-Тито, денеска се поклонија и положија цвеќе на спомен плочата на Грaдскиот плоштад.
Гимназијата „Гоце Делчев“ го прослави патронатот Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска го прослави патрониот празник, 115 години од смртта на големиот идеолог и револуционер и 73 години од своето постоење.
Цената на сировата вода е превисока за нас, реагира директорот на „Водовод“ Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски, вели дека новата цена на сировата вода е превисока за нив, но се надева дека таа нема да влијае на зголемување на цената кон потрошувачите.
Намалена цената на сировата вода 4,48 денари наместо досегашните 6,43 денари за метар кубен ќе изнесува новата цена на сировата вода, која АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ ќе ја продава на ЈП „Водовод“.
Пронајдени експлозивни средства во Куманово и Крива Паланка Две неексплодирани направи пронајдени се деновиве во Куманово и Крива Паланка.
Подмладено новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски, до крајот на неделата ќе го промовира новото партиско раководство кое во наредните 4 години ќе го води огранокот.