Златибор идеално место за зимски туризам Туристичката организација Златибор ја претстави овогодишната зимска понуда во Македонија. Минатата недела во Амбасадата на Република Србија во Скопје, пред новинарите и туристичките работници, се одржа презентацијата на туристичкиот потенцијал на Златибор, на која домаќините покажаа уште еднаш дека имаат капацитет и знаење да ги привлечат туристи од целиот регион.
Трета седница на Советот на Општина Куманово Советниците утре ќе ја одржат третата седница на советот на Општина Куманово. На дневен ред се 10 точки меѓу кои и извештаите за финасиско работење на јавните претпријатија Водовод и Чистота и зеленило.
Свеченост по повод завршувањето на студиите на 11-та генерација на студенти на Еуро колеџ Со свеченост беше одбележано завршувањето на студиите на 11-та генерација додипломци и постдипломци на Приватната високошколска образовна институција Еуро колеџ во Куманово. Во МКЦ „Козјак“, во присуство на претставници од Министерството за образование, професори и роднини, беа доделни дипломите, а обраќање имаше деканот Љубиша Петрушевски.
Општината распиша конкурс за избор на сувенир на градот Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на градот, заради промоција и развој на туризмот.
Кампања против насилството врз жените и семејното насилство Меѓународна кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ денеска ќе биде презентирана во Куманово.
Промоција на книгата „Говорот на телото“ од Зендел Абедин Шехи Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на книгата „Говор на телото“ на македонски јазик од проф.-др. Зендел Абедин Шехи.
Петок, Св. Климент Охридски, неработен ден Петок, (8 декември), празникот Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Одржана комеморација за новинарот Столе Божиновски Членови на семејството, пријатели и колеги, денеска на комеморативна седница се простија од доајенот на кумановското новинарство Столе Божиновски, која се одржа во салата на Комитет.
Заработиле над милион евра со бесправна градба Тројца кумановци добија кривични пријава поради тоа што наместо 24 изградиле 42 станови и се стекнале со противправна имотна корист од над еден милион евра.
Даниел Стојчевски ќе се кандидира за претседател на СДСМ Куманово Даниел Стојчевски, првиот соработник на градоначалникот Максим Димитриевски, објави дека ќе се кандидира за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Намалена видливост поради магла на Страцин Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози.
Комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски Регионалниот центар на Здружението на новинари од Куманово утре во 11.30 часот ќе одржи комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски.
Хигиеничар нападнал директор на основно училиште Поранешен хигиеничар во основно училиште натепал директор затоа што не сакал да го врати на работа.
Во Куманово наврна 19 литри дожд Во изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово наврнаа 19 литри дожд на метар квадратен. Најмногу дожд наврна во Маврово 130, а најмалку во Битола 1 литар.
Кривични пријави за хакери на фејсбук профил Неколку кумановци го пробиле кодот и го преземале фејсбук профилот на нивен сограѓанин.