Настрада уште еден сообраќаен знак Неколку дена стои скршен сообраќаен знак на раскрсница на булеварот Октомвриска револуција и Пионерска.
Концерт на пијано вечерва во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот, концерт на пијано ќе одржат Ана Јосимовска Кањацо и Антонио Кањацо.
Александар Петровиќ нов тренер на КК Куманово Александар Петровиќ од Скопје е новиот тренер на КК Куманово.
Штедни книшки со 5.000 денари подарува Комерцијална банка По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Комерцијална банка ќе им отвори штедни книши – отворено детско штедење Верверичка со износ од 5.000 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во другите градови во Републиката во кои банката има свои филијали и/или експозитури, соопштуваат од банката.
Осум години затвор за човекот кој го убил другарот кај црквата „Света Мина“ Кривичниот совет од Основниот суд Куманово го прогласи за виновен и го осуди на 8 години затвор со неправосилна пресуда Даниел Д.(30), кој го убил Бојан Илиевски (31), а потоа го фрлил во бунар на периферијата на Куманово.
Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ Eуросупер БС-98 поскапува за половина денар по литар, а цената на дизелот, Eуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Лидија Тасевска нова пратеничка од Куманово Лидија Тасевска, директорка во средното училиште „Перо Наков“ е новата пратеничка од Куманово од листата на СДСМ.
Среда неработен ден за католиците Празникот на сите светци, 1 ноември (среда), е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Сообраќајка на Страцин, повредена жена На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на м.в. Чатал во селото Страцин, во сообраќајна несреќа повредена е 50-годишна жена од Скопје, сопатничка во возилото.
Жаклина Јовановска градоначалничка на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска е градоначалничка на општината Старо Нагоричане.
Во Старо Нагоричане Јовановска има двојно водство пред Јаќимовиќ, тврдат од СДСМ Во вториот круг на локалните избори во Старо Нагоричене, кандидатката за градоначалник од СДСМ Жаклина Јовановска има двојна предност пред нејзината противкандидатка Елена Јаќимовиќ од ДПСМ, тврдат од изборниот штаб на СДСМ.
МВР ќе издава лични карти и денеска Одделението за управни работи во СВР Куманово денеска ќе работи и ќе издава лични карти на граѓаните.
Канцеларијата на Народниот правобранител отворена за граѓаните Kанцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, денеска ќе биде отворена од 7 до 19 часот, со цел да помогне во остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори во општините Липково и Старо Нагоричане.
Во Липково и Старо Нагоричане се гласа за градоначалник Жителите на општините Липково и Старо Нагоричане, денеска гласаат за избор на градоначалник.
ДРОМ го прослави 20-от роденден Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ од Куманово слави две децении постоење и успешна работа.