Партиите до полноќ да пријават членови за избирачките одбори Ноќеска до полноќ, политичките партии имаат обврска да достават листи со членови за избирачките одбори, за престојните локални избори на 15 октомври.
Да се забрза реконструкцијата на улиците во градот, бара ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ бара од локалната самоуправа да се забрза и финишира реконструкцијата на улиците во централното подрачје, заради непречено одвивање на сообраќајот во градот.
Започна со работа Општинската изборна комисија во Куманово Кумановецот Звонимир Николовски, вработен во Управата за заштита на културното наследство во Скопје, претседател е на Општинската изборна комисија во Куманово.
„Будење“ до Советот достави потписи за референдум Над 1000 потписи собра граѓанската иницијатива „Будење“, која бара од Советот на Општина Куманово да распише референдум против градење станови на бегалците во Општината.
Марјанчо Ангеловски независен кандидат за градоначалник на Куманово Марјанчо Ангеловски, дипломиран сообраќаен инжинер, вработен во СВР Куманово, поднесе кандидатура до ДИК за независен кандидат за градоначалник на Куманово.
Изложба “Круг и квадрат“ на Петра Јовановска и Валентина Илијевска во Велес Во Ликовен салон - Велес утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.
Мартин Костовски шеф на изборниот штаб на СДСМ во Куманово Претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, именуван е за шеф на општински изборен штаб на СДСМ во Куманово, за престојните локални избори.
Сакам дa бидам корисен и да продолжам нормално да живеам, порачува Ивица на кој му е потребна протеза за ампутираната нога „Не сум рамнодушен кон она што ми се случи ама не сакам да се затворам дома и да патам. Животот оди понатаму, нема да биде исто, но гледам максимално да ми биде убаво и под овие околности„, - вели момчето, за кое хуманите граѓани се мобилизираа да му помогнат да купи протеза за ампутираната нога.
МТСП:Децата во градинките ќе се згрижуваат согласно потребите на родителите По информациите дека во одредени детски градинки родителите се анкетираат дали нивното дете ќе престојува во прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, од Министерството за труд и социјална политика велат дека распоредот на новото работно време е за вработените, а не за децата.
„Будење“ не достави иницијатива за референдум во Советот Граѓанската иницијатива „Будење“ не доставила барање до Советот на општина Куманово за разгледување на Нацрт-стратегијата за бегалци и странци, иако веќе неколку дена собира потписи за референдум.
Седница на Совет во среда Советот на Општина Куманово во среда ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 28 точки, главно извештаи за работа во предходната учебна година во градинката, основните и средни училишта.
Двајца кумановци нападнале механичар со секира Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од с.Ропаљце, општина Липково и А.Д.(40) од с.Черкези, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Кумановка меѓу најдобрите на државна матура по македонски јазик Ива Николовска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ е една од трите ученички, кои постигнале најдобри резултати на државната матура по македонски јазик, според резултатите од Државниот испитен центар.
И Српската партија во Старо Нагоричане има кандидат за градоначалник Српската партија во Старо Нагоричане, која е во коалиција со СДСМ, објави свој кандидат за градоначалник за престојните локални избори во општината Старо Нагоричане.
Во СВР се деградираат професионалци, обвинува ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го обвини раководството во СВР Куманово дека ги крши законите и прописите во МВР и незаконски разрешува и деградира професионалци, а на нивно место поставува корумпирани кадри со сомнителни досиеа, кои добиваат високи плати од 1000 евра.
Од октомври евтина струја преку ден Од први октомври се враќа евтината струја преку ден. Евтина тарифа граѓаните ќе можат да користат секој работен ден и сабота, од 14 до 16 часот.