Кумановка тешко повредена во сообраќајка Автомобил „Пежо 306“ со кумановски регистерски ознаки управуван од М.Ј. (63) од Куманово удрил во кумановката Р.С. (63), во сообраќајна незгода која се случила на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово, вчера околу 18.40 часот.
Триесет претстави пред 6.500 гледачи во Кумановскиот театар од почетокот на годинава Актерите од Кумановскиот театар во првата половина од 2017 година одиграле 30 претстави пред околу 6.500 пoсетители, информираа надлежните од установата.
Започнува петнаесета ликовна колонија Карпино Мултимедијалното здружение „Карпино“ денеска во кумановската населба Карпош ја отвори 15. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, на која учествуваат 20 уметници од Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија и од Македонија.
Општина Куманово вработува 34 административни службеници Општина Куманово распиша конкурс за вработување на неопределено време на 34 административни службеници, од кои согласно балансерот, девет треба да се припадници на албанската етничка заедница, четворица на ромската и останатите од македонска етничка заедница.
Меморандум за соработка помеѓу средното училиште „Наце Буѓони“ и Ван Хул Македонија Кумановското средно стручно училиште ,,Наце Буѓони’’, склучи Меморандум за соработка со компанијата Ван Хул Македонија, со кој се предвидува заедничка соработка, преку која учениците ќе се стекнат со практични знаења, а компанијата ќе обезбеди стручен и квалификван кадар, соопштија денеска одговорните од училиштето.
Се степале поради сообраќајно недоразбирање Вчера околу 16 часот ул.„Трета Македонска Бригада“, Ф.Л.(38) од с.Лојане, Х.Х.(49) од с.Ваксинце и уште едно лице кои се превезувале во патничко моторно возило, физички го нападнале М.О поради меѓусебно недоразбирање во сообраќај.
Пронајдена почината девојка во Куманово На 05.07.2017 година во 13,20 часот во Куманово на ул.„Браќа Филиповиќ“ во куќата на Ф.И. (28), била пронајдена почината неговата девојка М.К. (27) од Куманово.
Пријава на кумановец за кражба на златен ланец СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(39) од с.Оризаре, за сторено кривично дело „кражба“.
Изложбата „Дијалог“ на Јадранка Урдаревски во Куманово` Вечерва, со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде отворена изложба на компјутерска графика „Дијалог“ на авторката Јадранка Урдаревски од Скопје.
Отстранети се дивите пазарџии лоцирани пред Зелениот пазар во Куманово Во координираната акција учествуваа претставници на институции, сектор за инспекциски надзор, МВР, а комуналните претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Водовод“ беа поддршка со механизација во однос на чистење, миење на тротоарите на кои продавале пазарџиите.
Дамјановски: Испораката на вода тече нормално По обвинувањата на ОК ВМРО-ДПМНЕ дека дел од градот е неколку дена без вода, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и директорот на ЈП Водовод Горан Стојковски одржаа прес конференција на која ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ да отидат на споменатите локации и да утврдат дали навистина имало или немало вода предходните денови.
ВМРО-ДПМНЕ: Европското Куманово сеуште е без вода Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, денеска одржа прес конференција на која побараа градоначлникот и надлежните служби да преземат мерки за решавње на проблемот на недостиг на вода.
Кумановка извршила самоубиство, пукајќи во градите Четириесет и шестгодишна кумановка вчера извршила самоубиство, пукајќи си со пиштол во пределот на градите, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Кривична пријава за злоупотреба на лични фотографии на Фејсбук СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (36) од Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Од постоечки објект ќе се прави нова градинка во Куманово Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска најави дека е предвидено да се реконструира постоечки објект во Куманово, со кој би се прошириле капацитетите за прием на деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово
Царовска ќе бара решение за стечајците Стечајците од повеќе градови денеска во Куманово, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и со претставникот на министерство за финансии Бранимир Јовановиќ.