Прекинат штрајкот во „Чистота“, се изнесува сметот во градот Вработените во ЈП „Чистота и Зеленило“ продолжија со работа, откако вчера првата смена излезе на протест и не го изнесуваше сметот, поради неисплатени плати.
Левица бара да се исплатат заостанатите плати на вработените во „Чистота“ Поради неодговорноста на политичките субјекти кои партиципираат во јавните институции и претпријатија како на републичко така и на локално ново, притоа трошејќи време и енергија на тривијални теми, виталните процеси во општеството остануваат закочени а штетата ја трпат граѓаните, реагираат од партијата Левица.
Дизелот поевтинува, бензините со непроменета цена Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на дизел горивата и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста.
Штрајкуваат ѓубраџиите, сметката на „Чистота“ сеуште блокирана Штрајкуваат вработените во ЈП „Чистота и зеленило„ кои работат на изнесување на сметот.
Малолетник извршил полов напад врз 14 годишно девојче Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 15 годишно момче од Куманово за сторено кривично дело полов напад врз дете, кое не наполнило 14 години.
Два големи шумски пожари во липковско Два големи пожари беснеат во реонот на планината Карадак во липковските села Белановце, Отља и Стрима.
СДСМ ги повикува граѓаните да не потпаѓаат под провокации Од општинската организација на СДСМ Куманово, во писмена реакција одговорија на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ да не се злоупотребува во партиски цели тргањето на македонското знаме од јарболот во центарот на градот.
Априлијада на Градскиот плоштад Маскирани дечиња по повод Денот на шегата, со родители или учителки, денеска се прошетаа по Градскиот плоштад.
Кумановец паднал од кров и се повредил Жител на населбата „Перо Чичо“ завршил на скопските клиники со сериозни повреди по телото откако паднаал од кров.
ВМРО-ДПМНЕ бара инцидентот со знамето да не се злоупотребува во политички цели Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција најостро го осудија вчерашниот инцидент кога неколку лица, дрско и без почит, го симнаа македонскот знаме во центарот на Куманово и поставија знаме на друга држава.
Македонското знаме вратено на јарболот во центарот на градот Македонското знаме е вратено на јарболот во центарот на Куманово.
СДСМ го осуди симнувањето на државното знаме од јарболот во Куманово СДСМ го осуди симнувањето државното знаме на Република Македонија од јарбол во центарот на Куманово.
МВР со официјално соопштение за денешниот инцидент МВР вечерва излезе со официјално соопштение за денешниот инцидент, кога неколку лица го извадија македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово градот и поставија албанско знаме.
ВМРО-ДПМНЕ бара казна за сторителите на вандалскиот чин со знамето ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот инцидент во Куманово кога од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското.
Приведени лица од Слупчане кои го тргнаа македонското знаме од јарболот Две лица од Слупчане, општина Липково, упасени се поради тоа што го тргнале македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и поставиле албанско знаме.