Изложба на фотографија на Димитар Чунговски - Чунга Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре (петок) во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметничка фотографија на авторот Димитар Чунговски – Чунга насловена како “Два света”.
Фериз Дервиши прогласен за мисионер на мирот Политичарот и бизнисмен Фериз Дервиши од Куманово е добитник на наградата мисионер на мирот што ја доделува Дипломатската мисија за мир и толеранција.
Свечен прием за првачињата во „Браќа“ Во сите основни училишта во општината денеска се организираше свечен прием за учениците кои тргнаа во прво одделение.
Педесетина првачиња помалку од лани во Куманово Во шеснаесет основни училишта во Куманово, во училишните клупи ќе седнат 1192 првачиња.
Започнаа уписите во музичкото училиште Во основното музичко училиште „Панче Пешев“ започнаа уписите на нови ученици во новата учебна 2016/17 година.
Разбојништво на Макпетрол: Го врзале со лисици и украле над 53.000 денари Непознати и вооружени лица утринава извршиле разбојништво на бензинската пумпа Макпетрол на автопатот Куманово-Скопје, во близина на наплатната рампа Романовце.
Пијани кумановци истепале сограѓани во кафеана Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.М.(48), М.С.(43) од Куманово, и двајца непознати сторители поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Караванот на слободата во кумановско Караванот на слободата во четврток ќе ги посети Куманово, Липково, Кратово и Крива Паланка.
Продолжи судењето за убиството на „командант“ Шипоња Во Основниот суд Куманово денеска продолжи судењето против Бајрам Лимани од селото Лојане и Амир Љатифи од Куманово, обвинети за убиството на Реџеп Исмаили (45)- командант Шипоња, извршено во угостителски објект во населбата Бедиње.
„Агрикорп инвест“ влегува во Бонум - ќе се отворат нови работни места Компанијата „Агрикорп инвест“ го откупила мнозинскиот пакет на акции во компанијата „Бонум“, фабрика за производство на пакувани печурки и преработка на земјоделски производи, која се наоѓа во кумановскиот регион.
Средношколци ќе учат американска култура и обичаи Во средното училиште „ Перо Наков “ започнува имплементација на проект за изучување на англискиот јазик, американската култура, обичаи и традиции, поддржана од Американската амбасада во Скопје.
Педесет и шеста седница на Совет Задутре (среда, 31 август), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесет и шеста седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се дваесет и девет точки.
Исчезна повозрасна жена од Куманово Жена на вораст од 70 години се оддалечила синоќа од својот дом на улицата „Тоде Думба„ во Куманово и не се вратила.
Есенски викенд попусти во Алфи Техноцентар Алфи и овој викенд нуди големи попусти на сите производи кои се неопходни за учебната година и за престојната зимска сезона.
Зголемен интензитетот на сообраќајот на автопатот Зголемен е интензитетот на сообраќај надвор од градските средини.
Почина градежниот работник што падна од скеле во Илинден Красе Трајковски (51) од кумановската населба Ајдучка Чешма, градежен работник кој пред еден месец падна од скеле на објект во населбата Илинден, вчера им подлегна на повредите на една од скопските клиники.