Сè уште не е поправена мерната станица во Куманово Мерната станица за мерење на загадувањето на амбиенталниот воздух во кругот на Општа болница Куманово, сè уште не е поправена, велат од Министерството за животна средина.
Да се донесе закон за заштита на лекарите Од Здружението на приватни лекари Куманово реагираат за вчерашниот инцидент, во кој незадоволен роднина на скопските клиники пукал во лекарот и бараат да се донесе закон со кој ќе се обезбеди поголема безбедност за лекарите.
Делегација од Солун доаѓа за празникот на градот Делегација од грчкиот град Солун попладнево ќе пристигне во Куманово за празникот на градот, соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски.
Прием кај градоначалникот за 11 Ноември По повод 11 Ноември-Денот на ослободување на Куманово, денеска градоначалникот Зоран Дамјановски ги прими поранешните градоначалници, борците, ветераните и командирот на ТППЕ Куманово.
Му го одзеле мобилниот и побегнале Синоќа околу 22 часот во населбата Карпош во Куманово, В.Н.(34) од Скопје, додека седел во своето возило по кратко време дошол С.А.(22) со кого се познавале од порано и Б.М.(21), двајцата од Куманово, и почнал да му бара пари.
Куклен театар за децата во „Кочо Рацин“ Учениците од подрачните и централното училиште „Кочо Рацин“ денеска и утре ќе погледнат куклена претстава со актери од Скопје.
Превентивни мерки во пунктот за мигранти против инфективни болести Од Центарот за јавно здравје Куманово укажуваат на низа мерки кои треба да се преземат во пунктот за помош на мигранти, за да не дојде до појава на акутни инфективни заболувања.
Изложени делата од „Каприно 2015“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ , синоќа беше отворена изложбата со дела од 13-та по ред меѓународна ликовна колонија „Карпино 2015“.
Милевски: Да се стабилизира државата по заминувањето на Груевски По заминувањето на Никола Груевски од власт, треба да се стабилизира државата, беше кажано синоќа на трибината организирана од Либерално-демократската партија на тема “Македонија после “груевизмот“-либерални решенија“.
Двајца мигранти заразени од хепатит Двајца миграти заразени од хепатит се испратени на лекување во Скопје. Нивната болест е дијагностицирана од медицинските екипи во прифатниот центар Табановце.
Модни додатоци запленети на Табановце Минатата недела 61 парче женски модни додатоци се откриени на граничниот премин Табановце.
Издадени 20 одобренија за градба во септември во регионот Во североисточниот регион во септември годинава се издадени 20 одобренија за градба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
„Перо Наков“ ќе одбележи 70 години постоење Средното училиште “Перо Наков“ неделава со низа активности одбележува 70 години постоење.
Саем за вработување ќе се одржи во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во среда во 11 часот, свечено ќе биде отворен саем за вработување во Куманово, организиран од Агенцијата за вработување на Македонија.
Крводарителска акција на бензинската на “Макпетрол“ Крводарителска акција утре ќе се одржи на бензинската пумпа на “Макпетрол“.