Ученици од „Наце Буѓони“ втори на МАКИНОВА Ученици од техничкото училиште „Наце Буѓони“ освоија две втори места, за проекти кои минатата недела беа презентирани на меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА во Скопје.
Наставници од Драгоманце и Крива Паланка работат заеднички проект Наставници од основното училиште „Христијан Т.Карпош“ заедно со колегите од „Илинден“ од Крива Паланка, работат на проект насловен како „Заедница за учење“, поддржан од УСАИД и Фондација „Чекор по чекор“.
Планинарите ќе пешачат на релација Градиште-Габреш-Скачковце Планинарското друштво “Куманово“ на 1 ноември ќе организира марш на релација Градиште-Габреш-Скачковце.
Ветeраните направија обиколка на повеќе споменици Здружението на армиски и полициски ветерани од Kуманово, викeндов направи обиколка на повеќе спомен обeлежја од НОБ , при што организираше и рекреативен марш до Менкова колиба на кој учествуваа дваесетина членови на Здружението.
Изложба на уметничка фотографија на Фото арт групата „Ф7“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена клупската изложба на уметничка фотографија, организирана од Фото арт групата „Ф7“.
Протестираа волонтерите во Општа болница Куманово Дел од волонтерите во Општа болница Куманово денеска протестираа во кругот на болницата со барање да им се реши статусот.
Во Куманово наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен Во Куманово во последните 24 часа наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе „Идиоти“ Кумановскиот театар утревечер во 20 часот на „Денови на комедија“ ќе ја изведе претставата „Идиоти“, по што комедијата во понеделник и вторник во 20 часот ќе игра во театарот.
Српска државјанка лажно ветувала патување до Германија Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(40), српска државјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Започна турнирот во чест на Мартин Симоновски - Матрикс Во спортската сала на средното училиште “Перо Наков“ денеска започна турнирот во мал фудбал, кој четврта година по ред локалниот клуб на Социјалдемократската младина го организира во чест на нивниот другар Мартин Симоновски-Матрикс.
Најдени 50 гранати кај Железничката станица Околу 50 гранати денеска се пронајдени кај Железничката станица во Куманово.
Српската комедија „Љубовници“ ќе игра во Куманово Српската комедија “Љубовници“ утревечер во 20 часот ќе игра во Куманово како дел од фестивалот “Денови на комедија Куманово 2015“.
“Кумановски акцијаши“ на собир со колегите во Бела Црква Здружението за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши“ месецов учествуваше на меѓународната средба на ветерани учесници на младинските работни акции во Бела Црква, Србија.
Второ чествување на Денот на ЗОК во Куманово Во касарната “Боро Менков“ денеска се одржа воена свеченост по повод Денот на Здружената оперативна команда.
Се воведува јазик и култура на Роми во “Христијан Карпош“ Во основното училиште “Христијан Карпош“ е воведeн изборен предмет јазик и култура на Роми, кој ќе го изучуваат децата од трето одделение.
Во „Развигорче“ одбележан Денот на здрава храна Во објектот “Развигорче“ при градинката “Ангел Шајче“ денеска беше одбележан Светскиот ден на здрава храна.