ВМРО-ДПМНЕ:Во Куманово се ветува, ама не се исполнува Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека само ветува, а ништо не исполнува.
Се запали напуштена куќа Синоќа гореше напуштена куќа на улицата “Димитар Влахов“ бр. 38, зад т.н. Стара црква.
За два дена укажана помош на над 300 бегалци Мобилните тимови на Црвен Крст, на 14 и 15 септември укажале помош на 336 бегалци на Табановце.
Жена со кола удрила во железнички столб Е.П.(31) од Албанија утрово во 3.15 часот се здобила со сериозни повреди откако со автомобил удрила во бетонска куќарка на железнички премин, по што автомобилот се одбил и удрил во светлосен сигнален уред.
Отворена изложбата на портрети на Дејан Божиновски Во Лапидариумот на Музеј Куманово синоќа беше отворена изложбата на мега портрети на Дејан Божиновски-Коска, насловена како „Интерфејс“.
Започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим Во одделот за вакцинација при Здравствен дом Куманово, од вчера започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим.
Пуштена во употреба спортска сала во Липково Во основното училиште “Дитурија“ во село Липково денеска беше пуштена во употреба спортска сала.
Дел од „Ѓорче Петров“ утре ќе биде непрооден Неасфалтираната површина од улицата „Ѓорѓе Петров“, утре ќе биде непроодна од 6 до 18 часот, информираат од општина Куманово.
Општина: Земјиштето кај пругата е во надлежност на Македонски железници Од општина Куманово одговараат на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, дека сметот кај пругата се чисти два-три пати годишно, иако земјиштето е во надлежност на Македонски железници.
ВМРО-ДПМНЕ: Куманово се дави во смет Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека и по 11 години од неговото владеење градот се дави во смет.
„Кумановски акцијаши“ ќе чистат на повеќе локации во Куманово Членови на Здружението „Кумановски акцијаши“ на предлог на граѓаните, ќе чистат на повеќе локации во центарот на градот, но и на периферија.
Глувите ќе учествуваат на „Игри без граници“ во Охрид Членови на Здружението на глуви и наглуви Куманово, на 28 септември ќе учествуваат на манифестацијата „Игри без граници“ во Охрид.
За десет дена ќе се заменат старите учебници Старите учебници ќе бидат заменети со нови во наредните десет дена, најавија од Министерството за образование и наука.
Жителите на Никуљане утре без струја Жителите на село Никуљане, општина Старо Нагоричане утре ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Завршија истражувањата на Костоперска карпа Завршија археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа во Младо Нагоричане, информираат од Министерството за култура.