Пензионерска “Шегобијна разгледница“ Здружението на пензионери Куманово утревечер ја организира манифестацијата “Шегобијна разгледница“, која ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во 19 часот.
Надојдена вода во суводолица поплави куќи во Лојане Надојдена вода по последните дождови, вчера поплави неколку куќи и помошни простории во липковското село Лојане.
Доаѓаат подобри денови за ФЗЦ Сопственикот на Детоил,, компанијата што ја купи ФЗЦ Куманово, најавува подобри денови за фабриката и вработените.
Кумановец фатен со сириски мигранти Кумановецот М.С.(26) деновиве е фатен додека превезувал сириски мигранти.
„Водовод„: Граѓаните да ги пријавуваат дефектите во дирекцијата Од ЈП „Водовод„ ги известуваат граѓаните, кои имаат проблеми на водоводната и канализациона мрежа, дефектите да ги пријавуваат лично во дирекцијата на претпријатието на улицата Фетка Наскова, бидејќи поради проблеми во електричното напојување телефоните не се во функција.
Реизбран претседателот на Здружението на Хрвати Иван Шеркиниќ, синоќа беше реизбран за претседател на кумановскиот огранок на Здружението на Хрвати.
Волонтери ќе го одбележат „Часот на планетата земја “ Волонтерите утревечер во 20.30 часот, ќе ги изгасат светилките во просториите на Црвен Крст Куманово, со што ќе се приклучат на глобалната акција „Часот на планетата земја“.
Внимателно возете по влажните коловози Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, информираат од Македонија пат.
Монопол не се продаде на првата аукција На првата аукција вчера Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски“ не се продаде, бидејќи немало понуди.
Кривични за насилниците што истепаа две момчиња Кривична пријава за насилство заработија осум кумановци, кои истепале две момчиња на улицата “Перо Чичо“ во Куманово.
Дневен центар за лица со посебни потреби во Оризаре Дневен центар за лица со посебни потреби годинава ќе се отвори во селото Оризаре, општина Липково.
„Водовод“ трет ден без струја Веќе трет ден неколку објекти на јавното претпријатије “Водовод“ се без струја, откако ЕВН ги исклучи од мрежата поради неплатен долг од 60 милиони денари.
Новиот Ургентен центар ќе се гради до стариот Новиот Ургентен центар ќе се гради до стариот објект, на просторот каде e паркот во кругот на болницата.
Наврнаа три литри дожд во Куманово Во последното деноноќие наврнаа 3,3 литри дожд на метар квадратен во Куманово, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Осум улици без струја Осум улици во центарот на Куманово, денеска ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН.