Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со оглед на тоа дека есента е време на зимници, кога голем дел од граѓаните традиционално подготвуваат ајвар, лутеница, туршија, кисела зелка, еве уште еден убав рецепт кој вреди да се проба.
*Состојки
- 100 пиперки бабури;
- магданос;
- целер;
- лук;
- есенција.
*Подготовка:
Во зовриена вода, ставете 100 пиперки бабури и оставете ги да вријат 3 минути. Потоа извадете ги од водата, извадете им ги семките и дршките и оставете ги да се исцедат. Напоредно, во еден сад измешајте 125 грама од разредена есенција со листови од целер и магданос, како и исецкан лук и 2-3 главици целер. Потоа се' заедно измешано редете го во теглите, така што ќе почнете со ред пиперки, па потоа ред прелив. Секако, внимавајте секоја пиперка да ви биде добро натопена. Колку есенција ќе ви биде разредена тоа зависи од вашиот вкус. Важно теглите да бидат наполнети до врв со преливот и да бидат добро затворени.