Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една од најпознатите балкански фолк пејачки, Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот си Вељко Ражнатовиќ се позитивни на коронавирус, објави Телеграф.
Цеца одлучила да се тестира откако на семејна прослава била во контакт со заразено лице. Се работи за веселба којашто таа ја организирала во својата вила на Дедиња, по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко.
Првиот серолошки тест не покажал присуство на вирусот, но потоа направила и ПЦР тест кој бил позитивен на КОВИД-19.
Ражнатовиќ за медиумите изјавила дека со нејзиниот син се чувствуваат добро, но дека се во домашна самоизолација и дека ќе ги чекаат резултатите од другиот тест.
Сега ќе се спроведе масовно тестирање на сите гости, пред се` луѓе од српската естрада , кои биле на мекици кај Цеца.
(Фото.Инстаграм)