×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четири начини да бидете попродуктивни во работата од дома

    06.09.2021 05:49 | Сара Ѓорѓиоска

    Откако светот преку ноќ се смени, работата од дома како да стана новото нормално. Кратењето време за пешачење или возење до работното место, како и ручек од сопствената кујна се бенефити на флексибилниот начин на работа, но тоа не ја исклучува
    можноста од сериозни недостатоци. Работата од дома бара трпеливост, цврста концентрација, добра организација и простор дизајниран за работа, за да можете да бидете вистински ефикасни во она што го правите. Па, како да бидете професионално
    попродуктивни во домашни услови?

    Четири начини да бидете попродуктивни во работата од дома

    Направете место за работа:

    Секако дека може да работите од удобноста на креветот, но имањето на одредено работно место во домот ќе го “поттурне“ вашиот мозок да се префрли од фаза на релаксирање во турбо работна фаза. Доволно ви е едно биро, кое ќе го средите на начин на кој што ви одговара и секогаш кога ќе се приближите до него, вашиот мозок ќе биде подготвен за работа.

    Имајте распоред:

    Олеснителната околност околу работата е дома е тоа што не морате да брзате да бидете на некое место, но трошењето драгоцено време пиејќи го утринското кафе може да ве чини скапоцени часови во кои би завршиле барем половина од обврските. Направете распоред, кој ќе ви одговара и до кој ќе се држите и третирајте ја работата исто како што би ја третирале во склоп на некоја канцеларија – обврските нема да чекаат да ги измиете садовите.

    Планирајте паузи:

    Иако можеби звучи непродуктивно, научните истражувања потврдија дека правењето кратки паузи во работните часови, всушност ќе ја зголеми вашата ментална активност. Давајќи си краток одмор, мозокот може да го процесира претходно стореното и да се подготви за нови информации или задачи.

    Исклучете ги социјалните мрежи:

    Не дозволувајте пријателите или незначајни информации да го одвлечат вашето внимание со часови. Однесувајте се како да сте под строг мониторинг и не ни помислувајте на социјалните мрежи додека работите. Идеално би било социјалните мрежи да останат без вашето присуство и за време на паузите, бидејќи телефонот ги пролонгира сите кратки паузи, а со тоа и ја минимизира вашата продуктивност.