Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумнаесеттиот по ред „Меѓународен тамбурашки фестивал“ ќе се оддржи вечерва и утревечер на Градскиот
плоштад во Куманово.
На првата фестивалска вечер ѕвезди на вечерта се Дац и Александар, а предвидено е да настапат и Октет Куманово, Тамбурашкиот оркестар „Ташко и пријателите“, Тамбурашкиот орекстар „Госпон Тамбураши“ од Нови Сад, Р. Србија.
На втората фестивалска вечер се предвидени настапите на Тамбурашки оркестар„ Табиет', Трио „Шербет“, Големиот тамбурашки орекста од Бања Лука, БиХ и македонската поп-ѕвезда, Каролина Гочева.
Фестивалот го организира Фондацијата за култура и спорт – Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Фестивалот ќе се оддржи по сите протоколи за превенција од коронавирус. Задолжителна е потврда за извршена вакцинација.