×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • #ДетоксСреда: Четири смути-идеи за прочистување на организмот

    15.09.2021 05:59 | Сара Ѓорѓиоска

    #ДетоксСреда: Четири смути-идеи за прочистување на организмот

    #ДетоксСреда: Четири смути-идеи за прочистување на организмот

    1. Црвен микс

    Овошјата од типот на боровинки, малини или аронија се најдобриот избор доколку сакате да се ослободите од непотребните токсини, поради тоа што се богати со антиоксиданти и влакна. Комбинацијата на таквите овошја ќе ви помогне да се чувствувате поенергични и поподготвени да го освоите денот.

    Ќе ви бидат потребни:

    - 1 и половина чаша микс од боровинки, малини и капини
    - Половина чаша кокосово млеко
    - 1 чаша вода
    - 1/8 чаша овес

    Секако, измијте го овошјето пред да ги додадете сите состојки во блендер и чекајте да добиете мазна текстура на смути.
    Антиоксидантите се поврзуваат со бројни здравствени бенефити од намалување на ризикот од рак до намалување на воспалителните процеси.

    2. Смути од кељ

    За кељот се зборува дека е двојник на спанаќот, па јасно е зошто неговата употреба е се` почеста во кујните на луѓето кои сакаат да се хранат здраво.

    Ќе ви бидат потребни:

    - 100 г. кељ
    - Половина јаболко
    - 1 шоља кокосова вода

    Внимавајте кељот да биде исчистен и да се отстранети непотребните делови, бидејќи повеќето блендери нема да можат да ги испроцесираат.

    3. Смути од ѓумбир

    Ѓумбирот е една од најдобрите опции кога е во прашање детоксикација на телото, и покрај лутиот вкус. Но, освен што ќе ги размрдате сетилата за вкус, кога ѓумбирот ќе го искомбинирате со цимет, ќе добиете одлични антивоспалителни бенефити.

    Ќе ви бидат потребни:
    - 1 лажица ѓумбир во прав или 50 гр. свеж ѓумбир
    - 1 мала лажичка цимет
    - 100 гр. спанаќ
    - 1 чаша вода

    Ѓумбирот има прочистувачки ефект на дигестивниот систем и е употребуван често како број 1 состојка во сите детокс-планови за исхрана.

    4. Смути од какао

    Како за крај, јагодата на овој детокс-шлаг ќе биде сознанието дека можете да го користите и чоколадото како дел од вашата детокс-рутина, се` додека станува збор за вистинскиот вид на чоколадо. Вистинскиот вид на чоколадо секогаш ќе биде неговата најосновна форма – чистото, темно какао.

    Ќе ви бидат потребни:
    - 1 лажичка какао
    - Половина чаша кокосово млеко
    - Половина чаша јагоди
    - 1 чаша мраз

    Доколку не сте фан на горчливиот вкус на какаото, вашето смути може да го засладите со мед и да го започнете денот на најслаткиот начин. Какаото докажано го подобрува здравјето на кожата и забите, но освен тоа е познато и по своите антивоспалителни својства кои помагаат при контролирањето на тежината и ја подобруваат функцијата на
    срцевата и мозочната работа.